Ние често добиваме прашања од нашите потрошувачи кои имаат недоумици околу тоа какви прашања би требало да постават при испраќање на анкети за потрошувачи? Најважната работа што треба да ја земете предвид е дека ги прашувате потрошувачите но главната цел Ви е тие да останат задоволни со Вашата услуга. Тоа значи дека не би требало да користите прашања кои не се лични. На пр. „Колку години имате?“, „Дали сте машко или женско?“. Ваквите прашања само покажуваат дека немате време да истражувате или да ги внесувате податоците во Вашата Алатка за анкети. Доколку ги користите информациите што ги содржи Вашиот CRM систем, Вие ќе можете да ги внесете овие претходно усвоени информации во Вашиот профил во Examinare.
Какви прашања би требало да поставите во Вашите анкети за потрошувачи?
До кој степен сте задоволни со нашите услуги?
-Многу задоволни
-Задоволни
-Незадоволни
-Многу незадоволни
Обично препорачуваме да се користи скалата од 4 или 6 степени кога се составуваат анкети за потрошувачи. Во тој случај, потрошувачот нема да може да дава просечни резултати туку ќе биде принуден да заземе страна.
Кога е најдоброто време за прашување на потрошувачите?
-Одговарање пред нарачување
-Коментари за достава
-Оценување на решенија при технички пречки/проблеми со поддршка
-Проценување на исплатливоста на продуктот
-Барање на препораки
Побарајте препораки
Дали би ја препорачале Examinare алатката за анкети на некој бизнис контакт?
-Да, се разбира!
-Можеби, доколку дознаам дека некој има потреба од тоа.
-Не.
Ова прашање има три нивоа, но има две позитивни нивоа кои се намерно поставени. Вие би сакале да дознаете колкумина потрошувачи се „горди“ што ги користат Вашите услуги.
